Две девојки се убиени само два часа откако пристигнале на одмор во Бразил. Полицијата верува дека се работи за убиство од заседа. Евелин Хансен (30) и Џесика Касандра Периера да Силва (19) пристигнале во хотел во Алагос утрото на 16 септември.

Два часа подоцна и двете девојки биле застрелани во глава. Поради начинот на кој биле убиени, полицијата се сомнева дека двете биле намамени во ова одморалиште, а потоа убиени. Полицијата во нивната хотелска соба пронашла неколку лименки пиво, марихуана и траги од крв.

Во овој момент од истрагата, се верува дека барем едната од нив ги познавала напаѓачите, бидејќи ги пуштиле во собата. Недолго потоа и двете девојки биле застрелани во глава, а напаѓачите потоа мирно ја напуштиле просторијата.

Полицијата веднаш ги идентификувала тројцата осомничени. По злосторството побегнале со автомобил со лажни таблички, кои подоцна биле пронајдени фрлени во близина на хотелот.

Движењето на осомничените го снимиле безбедносните камери

Еден осомничен набрзо бил уапсен, но тој ја негирал вината на распитот, а по двајца се уште се трага, објави Индипендент.