Летен одмор во Хрватска на германски лекар заврши фатално. Имено, на само 41 година ненадејно починал татко на две деца. Д-р. Клаус От (41), доктор по анестезиологија во Универзитетската болница во Аугсбург, починал од труење на крвта во својот апартман во Хрватска, пишува Феникс Магазин.
За неговата сопруга Мартина и нивните две ќерки Луиза (8) и Паула (5), неговата смрт дојде ненадејно.
„Со д-р От губиме голем колега и доктор, кој секогаш се грижеше за доброто на пациентите и вработените“, велат од Универзитетската болница во Аугсбург по повод смртта на докторот.
Набргу по пристигнувањето на дестинацијата за одмор на почетокот на јуни, Др. От му рекол на својот брат дека ги има сите симптоми на настинка. За трагичниот случај јавноста ја информираше неговиот брат Хартмут От. Бидејќи се чувствувал полошо, отишол во болница: таму му била дијагностицирана стрептокока.
Бактеријата навлегла во крвотокот и за неколку часа предизвикала откажување на органите на 41-годишникот. Секоја помош дошла предоцна, докторот од Аугсбург бил мртов дванаесет часа по пристигнувањето во болницата.
Релаксирачкиот летен одмор со семејството се претвори во ноќна мора, тврди братот на жртвата. За да ја олесни барем финансиски својата снаа, Хартмут От упати апел за донации на GoFundMe. Со ова сака да ја обезбеди иднината на сопругата на брат му, Мартина и на девојчињата.
„Секој собран цент е подарок за сопругата на мојот починат брат и неговите деца“, објаснува Хартмут, пишува Fenix Magazine.