Инспектори за труд денеска веќе фатиле работодавач кој не ги пријавил вработените кои ги ангажирал да работат неделава, ден кој од денеска законски е неработен. Станува збор за угостителски објект.

Пред камери влегле во објектот и затоа што денеска е прв ден изрекле само опомена, но не и казна. Сепак, ова правно лице веќе е влезено во евиденција. Ако повторно биде откриен да работи во недела ќе плати и казни и објектот ќе биде затворен.

Од Инспекторатот, за Сител велат дека најчесто постапуваат по пријава, но денеска постапиле по случаен избор.

За обејктите кои ќе работат во недела, работодавачите најдоцна до сабота треба да поднесат листа со вработени кои ќе работат. Согласно законот, тиа треба да добијат дневница повисока за 50 отсто.

Казните за прекршителите се затворање на објектот 15 дена, а ако по втор пат го повтори делото, ќе се соочи со забрана за работа од 30 дена. Работодавачите ќе плаќаат и парична казна.