Откако денеска на неколку часа паднаа најпопуларните Фејсбук, Инстаграм, Месинџер и Ватсап, тие сега повторно се активни. Сепак, не сите опции на овие мрежи се достапни.

Проблемите со пристапот започнаа некоја минута по 17 часот, а околу 17:40 часот услугите целосно беа оневозможени. Нема официјални информации за причините за падот дури и шест часа по падот, но истиот се припишува на проблеми со DNS -серверите.

Во меѓувреме се огласија и од Фејсбук, од каде велат дека се работи на проблемот.

„Свесни сме дека некои луѓе имаат проблеми со пристапот до нашите апликации и производи. Работиме на тоа за да се вратат работите во нормала што е можно побрзо и се извинуваме за непријатностите“, истакнаа од Фејсбук.

Слични пораки пристигнаа и од Инстаграм и од Ватсап. Акциите на Фејсбук во моментов се намалија за повеќе од 5,50 проценти, со што се намалува пазарната вредност за повеќе од 50 милијарди долари.