Драги навивачи и поддржувачи на македонската фудбалска репрезентација,

Упатуваме порака со фер и коректно навивање да им помогнеме на „Рисовите“ да дојдат до позитивен резултат на утрешниот натпревар против Англија на Националната арена „Тодор Проески“.

Праќаме порака до сите кои ќе го следат натпреварот на Националната арена дека влезовите на стадионот ќе бидат отворени од 18:15 часот до 20:15 часот.

Навременото доаѓање на стадионот ќе биде од корист за сите бидејќи нема да создава метеж пред влезовите на Националната арена.

#НапредМакедонија