Во ВМРО-ДПМНЕ се прават анкети и анализи и за другите општини, така што, според информации на „Фокус“, владејачката партија во големите општини главно ќе настапи со постоечките градоначалници.

Имено, партијата на локалните избори повторно ќе ги кандидира актуелните градоначалници на Охрид (Кирил Пецаков), на Битола (Тони Коњановски), на Штип (Иван Јорданов), Кавадарци (Митко Јанчев)…

Меѓутоа, високи партиски извори велат дека ќе има промени во две големи општини. Една од нив е Велес, каде ВМРО-ДПМНЕ нема да оди со актуелниот градоначалник Марко Колев, туку со пратеникот Александар Јамалов.

Исто така, дознаваме дека владејачката партија нема повторно да го кандидира и Борче Јовчески, актуелен градоначалник на Прилеп, каде изборот ќе падне меѓу пратеникот Дејан Проданоски и заменик-министерот и ексградоначалник Марјан Ристески.

Исто како и на претходните локални избори во 2021 година, ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе се обиде да го освои Кичево со Александар Јованоски, додека партијата се уште нема фаворит за Струга, Струмица, Центар…