Директорот на Царинска управа, Стефан Богоев во еден ден направил промена на повеќе клучни раководни позиции во управата, неофицијално дознава “Фокус” од свои извори.

Според нашите информации, Мелиха Панева, досегашниот помошник директор на сектор Акцизи оди на челната позиција во клучната царинарница Скопје, а на нејзино место доаѓа Весна Змајшек досегашен началник на Одделение за алкохол, алкохолни пијалоци и тутунски производи.

Смена има и на раководните позиции на Царинските испостави Скопје 1 и Скопје 2. Исто така, нашите извори тврдат дека промена има и на шефовското место на најфреквентниот граничен премин Табановце, кадешто шефица ќе биде Емилија Трајковска.

Шефот на Мобилната Царина, Благоја Крстевски, за кого во јавноста е познато дека е близок човек на Игор Милев е сменет со Методиј Тедосиевски, цариник со долгогодишно искуство во Царината и многубројни обуки на домашно и меѓународно ниво.

Игор Јолевски пак е нов управник на царинарница Битола, а промена има и на шефовското место на граничниот премин Блаце.

Во царинските кулари променетите раководители важат за блиски луѓе до претходната директорка Славица Кутиров и поранешниот помошник директор Игор Милев.