Скопјанецот Љупчо Палевски – Палчо го поврзуваат со киднапирањето и убиството на младата скопјанка, Вања Ѓорчевска, дознава Фокус.
Според информациите, тој е надвор од Македонија. Дел од информациите велат дека пред неколку дена се упатил кон Турција.
Засега неофицијалните информации се дека Палевски имал контакти со останатите осомничени во групата, а токму тие го посочиле него кога биле приведени. Палевски, кој е претседател на движењето „Трета“ е јавно експонирана личност во земјава, пред се во главниот град.
Трите лица кои што се уапсени се уште се на распит, па се очекува да бидат спроведени во Кривичниот суд.
Она за што засега нема официјална потврда е дека целта на киднапирањето на Вања Ѓорчевска била изнуда, а вмешан бил и член на потесното семејство кој учствувал во изнудата, брифираат извори.
– Според извори на Канал 5 најверојатниот извршител на грозоморното убиство на 14- годишната Вања Ѓорчевска е градежен претприемач од Скопје со иницијали Љ.П. ,кој неодамна беше во притвор во Хрватска. Тој е еден од петтемина , осомничени за убиството на Вања, чие тело беше пронајдено вечерва во околината на скопското село Орман. За убиството на Вања и на велешанецот Панче Жежовски (74) се товарат истите петмина, од кои тројца се во притвор, едно е во бегство во странство , а едно е во полициска станица, објави Канал 5.