Српскиот форензичар Ненад Шипка осврнувајќи се на случајот со двојното убиство во Македонија вели дека во регионот владее медиумска хајка.

– Со оглед на тоа дека се занимавам со форензика, но и со право, ме интересира како ќе изгледа судењето. Го погледнав нивниот Кривичен законик. Казната за противправно лишување од слобода е 3 години, а ако настапила смрт минималната казна е 4, а максималната 20 години затвор. Овде не можеме да зборуваме за киднапирање, ако нема елементи дека тие барале откуп. Се поставува прашањето дали обвинителството ќе успее да докаже дека таткото имал намера да му се ликвидира детето, дали останатите учесници знаеле дека се подготвува ликвидација на детето и кој ја извршил ликвидацијата, рече тој.

– Третата работа, дали детето се загушило во вреќата или страдало од огнено оружје. Ако детето се загушило во вреќата, значи тогаш не станува ниту збор за убиство, бидејќи пукање во мртво тело не е кривично дело. Значи не можеш да убиеш некој кој веќе е мртов, објаснува Шипка, повторно наведувајќи дека ќе биде тешко се да се докаже. Неговата изјава започнува од 12-тата минута од видеото:

Овој форензичар на македонската јавност ѝ е познат по случајот со нападот кај ПМФ во 2008 година кога беше убиен еден полицаец,а тешко ранети двајца. Српскиот вештак беше ангажиран од семејствата на осудените Реџаил Керими и Агим Исмаили. Тој пред две години, во 2021, тврдеше дека двајцата осудени на доживотна казна за нападот што се случи кај ПМФ во 2008 година се невини.

-Одговорно потврдувам дека Агим Ислами не се појавува никаде на снимката, односно тој не пукал рафални куршуми во автомобилот „Мазда 323F“ кој бил пронајден на паркингот кај Природно- математичкиот Факултет. Пресудата погрешно го навела бројот на присутни лица. Таму се вели дека учествувале пет лица кои испукале рафални куршуми додека во анализата на кадарот едногласно констатиравме дека има четири лица. Две лица издржуваат доживотна казна затвор за дело каде судот немаше докази дека тие се сторители односно дека и двајцата биле осудени за дело што не го сториле, изјави Шипка кој тврди дека ДНК-то на Ќерими било добиено спротивно на закон, изјави тогаш Шипка во Скопје.

За вакви дела се изрекува доживотен затвор: Овој факт покажува дека кривичното дело е сторено со умисла!