11-годишно момче се удави денеска на плажа во Грција, на островот Фурни, недалеку од Самос. Детето било облечено во костим за капење и маска кога било пронајдено на плажа во близина на пристаништето, пренесуваат грчките медиуми. Пооцна, медиумите објаснија дека детето е син на познатиот грчки актер Одисеј Стамулис.

„Попладне во 18.30 часот мајката на детето ме извести дека го изгубила Христос од 14.00 часот на пладне. Веднаш ја алармиравме полицијата, пристанишната управа и почнавме да го бараме, но не успеавме да го најдеме. Сфативме дека се случило нешто лошо и за жал го најдовме детето удавено. Мајка му е од островот, дошле на одмор. Голема трагедија, што и да кажеме е малку“, вели градоначалникот на островот Димитрис Каридис за protothema.gr.

Утре наутро телото на несреќниот 11-годишник ќе биде пренесено во Самос на обдукција. Незамисливата трагедија се случи денеска во Фурнос Икарија. 11-годишното момче облекло костим за капење, ја зело маската и отишло на капење на плажа во близина на пристаништето.

Неговата мајка го барала од рано попладне, а во 18.30 часот ги известила надлежните дека го бара. Веднаш почнале увидите на полицијата и крајбрежната стража, кои завршиле трагично бидејќи малолетникот бил пронајден во 20 часот и 30 минути. Нуркачите влегле во водата и го нашле заплеткан во мрежи, два метри под површината на морето.

Одисеј Стамулис- татко на детето

Според информациите, мајката се шетала со фотографијата на синот во обид да го пронајде и како што јавува очевидец, кога го извлекле малото момче од морето, луѓето почнале да плачат и да викаат „Повикајте лекари“.

Доктор излегол на лице место и му дал вештачко дишење кое не било успешно. Детето со возило на Итна медицинска помош ЕКАВ било пренесено во руралната амбуланта во Фурни, каде била констатирана смрт.