Резервирањето делови од плажата со пешкири стана речиси вообичаена, но сепак грда практика на голем број туристи, но и на локалното население, пишуваат хрватските медиуми.
Општина Пировац последниве неколку години успешно се бори против оваа дрскост, која со Одлуката за комунален ред забрани оставање пешкири и други реквизити заради резервирање место на плажа.
Се покажа како добра одлука, иако се уште има такви кои ова правило го игнорираат. Ова го потврдија вработените во комуналното претпријатие Пировац, Врило, кои утринава морале да се справат со пешкирите кои останале преку ноќ или во раните утрински часови.
– Утрово ги отстранивме пешкирите кои беа поставени за резервирање место на плажата. Ве молиме почитувајте ги правилата и не ги оставајте личните работи без надзор – порачаа од Врило.
Да додадеме и дека казните за овој прекршок не се занемарливи. Тие се движат од 67 до дури 200 евра.
-Потсетуваме дека резервации на позиции на плажа не се дозволени и се казнуваат со Одлуката за комунален ред во износ од 67 до 200 евра. Врило без посебна најава ќе продолжи да ги отстранува вака најдените реквизити на плажата – соопштија од општина Пировац.