ГРЦИЈА – Дваесет и седумгодишна жена загина во сообраќајна несреќа во Кловино, Фокида, кога автомобилот што го возела паднал од карпа и завршил во морето, објавија грчките медиуми.
Според медиумите автомобилот излетал од курсот на патот Итеа – Антирио, преминал во спротивен правец и паднал во карпа од висина 40-50 метри. Возачите кои минувале ја известиле полициската станица Ефпалио и противпожарната служба на Нафпактос, при што силите веднаш пристигнале на местото на настанот. За ослободување на телото била потребна помош од пожарникари со чамци.
Телото на несреќната девојка која го управувала автомобилот со возило на брза помош ЕКАБ било пренесено во Здравствениот дом на Нафпактос. Точните причини за несреќата ги истражува полициската станица Епалио.
27-годишната Марија, која е ќерка на сопственик на ресторан во Нафпактос, им подлегнала на повредите.