Голем пожар зафати еден од објектите на поранешната „Жито Битола“ во индустрискиот дел на градот.

Според информациите од Противпожарната единица на Битола, гори еден од објектите. На терен се 30 пожарникари со целиот расположлив капацитет на територијалната противпожана единица, односно со сите возила и се прави обид да се спречи ширење на пожарот на другиот објект.

Велат дека пожарот започнал од горниот дел.

📸