Посмртните останки на Кристијан Пеев (41), кој имал американско и бугарско државјанство, биле пронајдени набиени во тоалет од водоводџии кои биле повикани да расчистат блокиран одвод, објави британски The Mirror.

Пеев дипломирал на американски универзитет и го изградил своето богатство преку крипто инвестиции. Инспекторите веруваат дека тој е убиен меѓу 8 и 9 август и дека можниот убиец е Веско Валчинов, кого го запознал пред околу шест години.

Извештаите за околностите на убиствата содржат страшни детали. Локалните медиуми објавија дека наводниот убиец ја убил својата жртва со тег и го исекол телото во бањата пред да фрли некои од деловите во тоалетот.

Инспекторите го пронашле местото на злосторството откако провериле два телефони на Пеев, чиј брат го пријавил за исчезнат на 10 август. На денот кога исчезнал бил во контакт со Валчинов. Од видеото од камерата било утврдено дека двајцата на 8 август влегле во станбената зграда на осомничениот убиец, а следниот ден Валчинов сам ја напуштил зградата.

Друг човек, Константин Суботинов, беше уапсен и на полицијата и кажа дека му помогнал на убиецот да ги сокрие останатите делови од телото на жртвата, возејќи ги во софискиот кварт Витоша, каде што беше уапсен Валчинов.

Бугарските медиуми објавија дека Пеев му помогнал на Валчинов со крипто инвестиции, сугерирајќи дека убиството било мотивирано за пари. Newsweek побара дополнителен коментар до Министерството за внатрешни работи на Бугарија.

Пеев е вториот крипто-крал кој е пронајден мртов во брутални околности во рок од еден месец. Деловите од телото на Фернандо Перез Алгаба беа пронајдени во црвен ковчег фрлен во Ingeniero Budge во Буенос Аирес на 23 јули, откако тој исчезна пет дена претходно.