Адвокатот Јанаки Митровски објави фотографија на која тврди дека се наоѓа наводно џипот на пратеникот и лидер на Левица Димитар Апасиев, и го прекорува зошто не одвоил 40 денари за прописно да го паркира своето возило.

„Димитар Апасиев, честитки, топ ти е џипчево, со здравје да си го возиш. Ова искрено го мислам бидејќи за разлика од тебе, јас се радувам кога некој напредува, има, му иде, не барам да го запалат на клада за тоа.

Само да те замолам од 3.000 евра месечни примања да одвоиш 40 денари и да се паркираш прописно за да не не блокираш вака во маало.

И следен пат качи се на кафе, не биди странец, уште сум на истото место кај што доаѓаше да ти пишувам кривични, пошто најјак правник нали“, пишува Јанаки Митровски на својот фејсбук профил.

Loading...

Loading...