Пејачката Александра Младеновиќ дојде во емисија во прекраток фустан, не сфаќајќи дека ќе мора да изведува акробации.
Имено, Огњен Амиџиќ го смислил „лимбо танцот“ каде гостите морале да се провлечат под шанкот. Младеновиќ носеше прекраток фустан, а кога дојде редот да се провлече, и ѕирнаа белите гаќички, па во таа прилика покажа премногу.
Да потсетиме, Александра Младеновиќ неодамна призна дека се уште не го пронашла вистинскиот партнер за себе бидејќи покрај бројните обврски, нема време никому да се посвети.
– Не сум заљубена. Кој ќе ме трпи сега? Секој ден правам нови спотови, нови песни. Сакам да се фокусирам на кариерата, но кога ќе го издадам новиот албум, малку ќе се фокусирам на себе. До крајот на летото издавам албум со осум нови песни. Возбудена сум – изјави во една прилика Александра.