Алсат од внатрешноста на софиската болница ги пренесе првите слики од двајцата повредени во трагедијата што се случи во вторник наутро во Бугарија.
На снимките се гледа како девојка и момче лежат, каде девојката очигледно се здобила со повреди во раката.
Екипата на Алсат моментално престојува во болницата Пирогов во Софија, каде што е соопштено дека 7 патници се хоспитализирани и оперирани. Во болницата пристигнале роднините на повредените, и за Алсат изјавија дека од она што го слушнале од повредените, трагедијата се случила за 10 минути.