Амбасадорката на САД во Скопје, Анџела Агелер од трибините во Вараждин ги бодри македонските ракометари во првиот натпревар од Светското првенство кое се одржува во Хрватска, Данска и Норвешка.
„Навивам за македонскиот ракометен тим на теренот во Хрватска вечерва за нивниот прв натпревар на 29. ИХФ Светско машко ракометно првенство“ напиша Агелер на X.
Во првото коло од Светското првенство, Македонија игра против Унгарија, а првото полувреме заврши со резултат 14:14.
Светското ракометно првенство 2025 година се одржува во Хрватска, Данска и Норвешка, а ќе настапат вкупно 32 земји.
Репрезентациите се поделени во осум групи со по четири екипи, а Македонија покрај со Унгарија е во група и со Холандија и Гвинеја.
За пласман во главната рунда од натрпеварувањето, македонските ракометари треба да завршат на едно од првите три места во групата.
Во второто коло Македонија ќе игра против Холандија на 17 јануари, додека последниот натпревар од прелиминарната рунда ќе биде натпреварот со Гвинеја на 19 јануари.