„Животот во розово“. Очигледно дека младата пејачка Антониа Гиговска така и се чувствува, со оглед на тоа како ги опишала најновите фотографии кои го „запалија“ Инстаграм.

Згодната Антониа на двете фотографии позира топлес, облечена само во розови хеланки. Со бујната руса коса ги покрива градите, но сепак, не покрила сѐ, оставила доволно за да ги распамети своите следбеници на Инстаграм.

Под фотографиите Антониа напишала: „Живот во розово“ (la vie en rose).

Антониа, освен што изгледа феноменално, може да се пофали со уникатни вокални способности, а симпатиите на Балканот ги освои откако беше дел од музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“.

Младата пејачка незапирливо ја продолжува својата музичка кариера. Секогаш е стилизирана, инспиративна за своите фанови, но и активна на Инстаграм, каде брои околу 100.000 следбеници.