„Знам дека не сум активна и можеби ми замерувате, но конечно се чувствувам спокојно. Ми требаше одмор и одморив убаво. Е сега за креако доаѓаат слатките маки, па вака насмеана се спремам и за нив. Да бидам искрена, како се ближи крајот, така стравот е поголем. Ама ние жените сме јаки, издржуваме сè“, напиша Антониа.

Пејачката Антониа Гиговска, која е во 9-тиот месец од бременоста, по подолго време објави нова фотка на социјалните мрежи. Таа е во автомобил и под широката кошула го крие трудничкото стомаче.

„Знам дека не сум активна и можеби ми замерувате, но конечно се чувствувам спокојно. Ми требаше одмор и одморив убаво. Е сега за кретко доаѓаат слатките маки, па вака насмеана се спремам и за нив. Да бидам искрена, како се ближи крајот, така стравот е поголем. Ама ние жените сме јаки, издржуваме сè“, напиша Антониа.

View this post on Instagram

A post shared by ANTONIA GIGOVSKA (@antoniagigovskaa)

Пејачката, која веќе е во 9-тиот месец, преку Инстаграм најави и дека утре (15.06) ќе објави нешто ново поврзано со своето бебе и мајчинството.

За потсетување, нејзиниот сопруг, музичарот Роберт Спаценовски, кој пее под името Џокер, на 13 јуни објави нова песна, „Сам“.

View this post on Instagram

A post shared by ANTONIA GIGOVSKA (@antoniagigovskaa)