На ден 08.06.2025 година во 17.00 часот а по добиено барање од страна на ЦУК, хеликоптер на Армијата со потребен екипаж-парамедици изврши безбедно извлекување на повредено лице/планинар паднато во провалија во близина на Ливадичко езеро, ШарПланина, Општина Теарце.
По исклучително сложеното извлекување повредениот е евакуиран по воздух до касарна Илинден од каде што е превземен од екипа на итната медицинска помош.