Доцна синоќа нешто после 01:00 часот кај кружниот во близина на „Атомските згради“ во Кочани се случила сообраќајна несреќа која за среќа поминала со материјална штета, објави локалниот портал komarec.com.mk.
Дознаваме дека лице кое возело патничко моторно возило Фиат „Панда“ со брзина поголема од пропишаната на излез од градот удрило во кружниот, а од силината на ударот ја пробил металната ограда и паднал врз три возила сопственост на „AUTO WELT“.
Полицијата работи на утврдување на причините кои довеле до оваа сообраќајна незгода.