Автомобил „Фиат“ денеска се преврте во Урбан парк кај Јужен булевар. Од МВР за Курир велат дека во 14:20 часот добиле пријава за превртено возило кое претходно излетало од коловоз.

Неофицијално, нема повредени лица. Повеќе детали се очекуваат во текот на денот, а полициските екипи се на терен.

📸