Тешка сообраќајна несреќа се случила вечерва на Плоштадот на Републиката во центарот на Белград кога автомобил налетал на постојка на јавниот превоз. Како што дознава „Блиц“, околу 21 часот и 50 минути автомобил „пунто“ управувано од 19 годишниот Андреј М. влетал во постојката за јавен превоз.

Женско лице завршило на тротоар откако автомобилот удрил во неа. Повредена е Снежана Б.(52) која била на автобуската постојка. Таа свесна и комуникативна била пренесен во Ургентниот центар. Според очевидци, глетката била страшна.

– Беше страшно. Слушнав како стаклото се скрши и се распрска на сите страни. Сите бевме исплашени – изјави преплашена жена која во моментот на несреќата чекала автобус на автобуската постојка.

Полицијата се уште врши увид, а на пешаците им е забрането да поминуваат покрај автобуската постојка.