Жителите кои живеат на булеварот Александар Македонски, бараат итно да се преземе нешто, бидејќи возачите кои возат брзо заради неконтролирана брзина им влеетуваат во дворовите предизвикувајќи им големи штети.
На фејсбук групата Ѕид на сообраќајниот срам, беше споделен пост на кој еден човек објави фотографии од возилото кое „слетало“ во неговиот двор.
– Ќе се превземе ли некогаш нешто за на бул. Александар Македонски да не летаат со коли 200km/h, или да отвориме “coffe to go” бар да спечалиме нешто кога веќе ни влагаат дома со коли, стои во објавата.