Автомобил со македонски регистарски ознаки учествувал во сообраќајна несреќа, што се случила кај албанскиот град Либражд, кој е во близина на преминот Ќафасан, кај Струга.
„Во автомобилот со скопски регистарски таблички се наоѓало четиричлено семејство, при што со полесни повреди се здобиле родителите. Укажана им е лекарска помош во хируршкото одделение во регионалната болница во Елбасан и се надвор од животна опасност“, објавија албанските медиуми.
Несреќата се случила во 12:40 часот кај месноста Мураш, на патниот правец Либражд-Елбасан, кога дошло до директен судар на комби возило и автомобилот.
Несреќата се случила на делница од патот кој се реконструира, каде е поставен семафор за регулирање на движењето. Едно од возилата не го почитувало семафорот, судирајќи се со другото возило.