Тешка сообраќајна несреќа со двајца загинати се случила утрово на 11-от километар од автопатот А6 во Хрватска, во делот на работите на вијадуктот Жечева Драга, каде сообраќајот се одвива двонасочно по еден пат, јавуваат хратските медиуми.

– Во сообраќајната несреќа според првичните информации учествувале камион и патничко возило. Поради тоа сообраќајот се одвиваше многу отежнато, по што се постави сигнализација за затворање на сообраќајот во двата правци и пренасочување по обиколните правци, објавува хрватски Вечерњи лист.

Поради сообраќајна незгода и неможност за разминување на возила, службените лица набрзо го затворија сообраќајот за сите возила од клучката Врбовско до клучката Босиљево 2, во двата правци, а возилата во правец кон Риека ќе се водат на излезот Босиљево 1.

📷

📷