Бебе родено со 900 грама пред два месеци на Универзитетската Клиника за Гинекологија и Акушерство – Скопје ја победи битката за живот и денес излегува од болница.

Од ГАК објавија дека семејството Зендели си замина дома со најубавиот подарок.

„Принцот роден 900 грама си замина домче со цели 2080 грама по 66 дневна битка. Ордени животни за овие дечиња, за овие родители, за целиот персонал. Принцу мал и тебе ти посакуваме силно здравје, весели детски дни и остварени животни сни. ОИНТ вие сте чудо…вие правите да веруваме во чуда, а овие бебиња тоа го потврдуваат!“, велат од ГАК.