Во сараевската населба Храсно денеска се случи сообраќајна несреќа во која две лица се повредени.

Денеска во 18:55 часот во сараевската населба Храсно на улицата Топал Осман-паa во близина на слаткарницата Палма се случила сообраќајна несреќа во која две лица се повредени.

Според информациите од МВР на кантонот Сараево, во несреќата учествувал еден автомобил. Како што неофицијално дознаваат тамошните медиуми, две девојчиња се повредени. Неофицијално, едно девојче е тешко повредено.

На местото на несреќата се испратени полициска патрола и брза помош.

На фотографиите се гледа дека автомобилот БМВ завршил на зелената површина. Очевидци на несреќата јавуваат дека девојките се повредени кога автомобилот со голема брзина влетал на паркингот. По завршувањето на истрагата ќе бидат познати повеќе информации.