Македонскиот евровизиски претставник Васил Гарванлиев своите три минути пред Европа ќе ги има во вторник на првата полуфинална вечер

Британецот Расел Дејвис објави интересна фотографија од спалната соба на Васил Гарванлиев во Ротердам.

Освен фасцинантниот поглед кон градот кој го нуди апартманот на нашиот евровизиски претставник, уште еден впечатлив детаљ во собата е прекривката.

Дејвис, кој е организатор на Лондонската евровизиска забава, со години е и волонтерски соработник на македонската евровизиска делегација.

Инаку, вечерва беше и официјално отворено 65. издание на „Евросонг“, а нашиот претставник на тиркизниот килим се појави во уникатен аутфит.

Најмногу внимание привлече со круната која ја носеше и на фестивалот во Тел Авив како придружен вокал на Тамара Тодевска, но овојпат истата е надградена.

Гарванлиев своите три минути пред Европа ќе ги има во вторник на првата полуфинална вечер. Според обложувалниците, мали се шансите да се пласираме во финалето, но нашиот претставник е оптимист и има големи очекувања.