Две лица загинаа, а неколку се повредени во тешка сообраќајна несреќа што вечерва се случила во Хрватска на државниот пат Д-7 кај Ѓаково, извести полицијата Осиек-Барања.
Ова е втора тешка сообраќајка денеска во околината на Ѓаково, откако ретходно млад човек (22) загина кај Стрижвојна откако со автомобил излетал од патот.
Според првите информации, втората несреќа се случила околу 19.45 часот, на раскрсницата кај Драготин во близина на Ѓаково. Во сообраќајната несреќа, во која учествувале три автомобили, загинале две лица, а неколкумина се повредени. Во тек е истрага, информираат од полицијата.
Претходно, околу 16 часот кај Стрижвојна, приватен автомобил управуван од 22-годишен возач излетал од патот во блискиот канал и удрил во мост, при што од повредите настрадал младиот возачот.