Најмалку три лица загинале, а три се повредени во престрелката што се случила синоќа во Зајечар во источна Србија, неофицијално дознава српски Курир.

Меѓу убиените има жена, полицаец и маж кој отворил оган. Ранети двајца полицајци.

– Како што дознаваме, на улицата Заечар бр.7, нешто по 22 часот се одвивала повеќечасовна драма кога жителите на оваа улица повикале полиција бидејќи слушнале неколку истрели од огнено оружје, објавуваат утрово српските медиуми.

Полицијата веднаш пристигнала на лице место и го блокирала сообраќајот, а кон местото каде се слушнале истрелите се упатиле неколку припадници на полициската управа од Зајечар.

Се претпоставува дека напаѓачот ги видел и пукал во нив, при што ранил еден од полицајците. За жал, тој им подлегнал на повредите.

Потоа следело неколкучасовно апсење на напаѓачот. Околу 23.15 часот со хеликоптер пристигнале специјалните антитерористички сили заедно со министерот за внатрешни работи Александар Вулин.

Околу 1.30 часот на улицата се слушнала експлозија и неколку истрели. Меѓу жртвите е и напаѓачот, како и уште едно, засега непознато лице. САЈ го напуштиле Зајечар два часа по полноќ.

Според неофицијални информации, мажот пукал во сосетка и полициска патрола.

Улицата 7 Септември се уште е затворена за сообраќај бидејќи се води истрага.

📷

📷

📷