Војник на германскиот Бундесвер е осомничен дека убил четири лица во областа Долна Саксонија во Ротенбург пред да се предаде, соопштија денеска полицијата и обвинителството.
Меѓу убиените, чии тела беа пронајдени претходно во текот на денот, има и едно дете.
Убиствата се извршени на две локации – во куќа во Вестервезеде во општината Шезел и во Ботел во областа Ротенбург.
Осомничениот сторител се предал по синоќешниот напад и според истражителите бил уапсен. Полицијата соопшти дека „не може да се исклучи приватен проблем“ како мотив за кривичното дело. Во истрагата биле ангажирани голем број полицајци.
– Според информациите на БИЛД, на двете места на злосторството има вкупно четворица мртви: поранешната партнерка и едно дете на осомничениот, како и новиот партнер на убиената жена и неговата мајка, објави БИЛД.
Полицијата пронашла молотов коктел во преградата на вратата од автомобилот на осомничениот.