Инцидент во градинката во Сремска Митровица се случил кога дете нападнало врсничка и ѝ нанело тешки физички повреди. Според медиумите, првите информации велат дека едното дете го каснало другото.
Според пишувањата на социјалните мрежи, некои родители не сакаат да ги праќаат децата во градинка токму поради овој инцидент.
На социјалните мрежи се појавија фотографии од девојчето за кое се тврди дека е каснато, а на кои и се гледаат бројни вдлабнатини на лицето.
Од Општата болница во Сремска Митровица за „Блиц“ велат дека девојчето има една година и 7 месеци и дека е хоспитализирано поради стомачни проблеми.
-Девојчето е примено во болница поради стомачен вирус. За време на прегледот лекарите виделе дека има модринка на лицето и рамото, кога нејзините родители рекле дека во прашање е гризнување. Од прегледот било утврдено дека на телото на девојчето имало каснувања – велат од општата болница.
„Блиц“ стапи во контакт и со полицијата во Сремска Митровица од каде ни рекоа дека случајот на насилство врз девојчето не е пријавен.