Кенеди Литлдајк (19) преживеала страшна несреќа на 22 мај 2021 година, а нејзината приказна ги окупира светските медиуми последните денови.
Удрила со својот автомобил додека возела со пријателите, а никој не бил врзан, пишува Дејли Мејл.
Млада жителка на државата Ајдахо раскажала што се случило таа трагична вечер кога имала 16 години.
„Бев многу емотивна поради раскинувањето. Почнав да плачам и во еден момент испаднав од патот. Се вртевме наоколу, а јас прва искочив. Не завршив на земја, туку на далноводот во близина“, објасни таа.
Кенеди се здобила со сериозни повреди, особено на левата нога, а настрадале и нејзините пријатели Накија Молина и Јакоб Расмусен, со скршеници на коски и пршлени.
Тинејџерката која возела завршила на далновод, откако била фрлена десетина метри во воздух.
„Раката речиси ми беше откината, додека бутната коска на левата нога ми се откина преку жицата и ми висеше пред лицето. Луѓето се прашуваат како не искрварив. „Па, главната артерија на ногата беше стегната со жицата, додека раната на раката беше каутеризирана по струен удар“, рече таа.
Девојчето по еден час било спасено со акција на пожарникарите и префрлено во локалната болница. Во наредниот период имала 21 операција за санирање на бројните повреди.
За жал, лекарите морале да ѝ ја ампутираат левата нога.
„Се сеќавам на моментот кога татко ми ми кажа дека ја изгубив ногата. Тогаш имав 16 години и сите мои соништа исчезнаа. По 20 минути повеќе не бев оптоварувана, бидејќи моите пријатели се опоравуваа“, изјавила Кенеди.
По тешката несреќа таа е сѐ поприсутна на социјалните мрежи каде објавува детали од својот живот.
„Порано се борев со психички проблеми. Сакав да се убијам. Никогаш не ја планирав својата иднина, не бев среќна. Кога ќе размислам за тоа денес, си помислувам „толку си патетична“. Погледнете ме сега! Јас сум во сосема поинаква, во потешка ситуација, но многу сум посреќна“, изјави таа.