Како и што беше најавено од страна на УХМР во вечерните часови почна нестабилното невреме во Скопје проследено со пороен дожд, силен ветер и грмежи.
Небото над Скопје се затемни, дува силен ветер и пороен дожд.
Според последните информации, забележани се и првите штети и инциденти. Имено, како што е објавено во групата на Центарот за урпавување со кризи, дрво има паднато врз автомобил кај Тутунскиот комбинат во скопската населба Кисела Вода.
Засега нема информации за евентуално повредени лица.