Ниту македонскиот стопанственик, некогашен вицепремиер во Влада, Кочо Анѓушев, продолжениот викенд не го помина во родната грутка. Наместо во Македонија, тој викендов беше во Виена. „Скопје 1“ го улови како шета во близина на катедралата „св. Стефан“.
Без придружба и сосема сам, Анѓушев ја шеташе Виена и ги гледаше излозите. За разлика од неговиот стил кога се појавува пред камери во Македонија, Анѓушев во Виена шеташе облечен во капут, тренерки, црна патика и чорапи.
Анѓушев беше две и пол години во македонската Влада, кога со неа раковдеше Зоран Заев. Сега во јавноста е познат како бизнисмен. Негова е фирмата „Брако“ која ги монтираше и модуларните болници во време на корона кризата.
Во 2014 година, на листата на „Форбс“ еден од петте најбогати Македонци беше и Кочо Анѓушев. Но, не во групата на најбогати, туку како бизнисмен кој во Македонија ги разбил табуата во деловното опкружување и ја вовел ерата на експанзијата на македонскиот капитал, според што е посочен како „остров сам за себе“. Во негови раце е и компанија за производство на струја.
За Анѓушев, беше направен и документарец од ИРЛ.
📸
📸