Македонската водителка, Елена Стефановска живее живот со стил. Таа не бира годишно време или некој посебен повод за да отпатува некаде и да ужива во некоја дестинација.

Елена и нејзиното момче Бојан знаат да уживаат без разлика дали се во Македонија, дали надвор од државата, а таа често на социјалните мрежи знае да сподели по некоја фотографија.

Овој пат, за новогодишните празници, Стефановска ги спакува куферите и замина во една од најубавите држави – Русија.

Имено, таа објави фотографија од црвениот плоштад во Москва, а во описот напиша:

-Последните години во годината се најубави.

И дека навистина е така се увери и самата, имено познатата водителка и авторка на шоуто „Живот со стил“, синоќа кажа „ДА“.

Радосната вест ја сподели од Москва каде со својот долгогодишен партнер замина на новогодишно патување.

„Со Бојан функционираме одлично. Си ги прифаќаме навиките, а тоа според мене е најголем показател за љубовта“, изјави Стефановска неодамна за нејзиниот иден сопруг.

📷

📷

📷