Утрово кај местото Лапчиќи, кое се наоѓа над Будва, се случила тешка сообраќајна несреќа, каде што животот го загуби едно лице.

Како што може да се види на сликите, станува збор за силен удар на две возила, при што настанала голема штета на автомобилите.

Како што пренесуваат медиумите, триесет и тригодишниот В.Д. загина околу 13 часот во несреќен случај на главниот пат Будва – Цетиње, во близина на Кошљун.

Во истата сообраќајна несреќа, тешко повреден е жителот на Подгорица Ш.И. (42), кој бил пренесен во болница.

Ова го соопштија за „Вјести“ од полицијата во Будва, чии службеници спроведоа истрага на местото на несреќата.

Настраданиот В.Д. управувал „Голф 5“, а повредениот Ш.И. во моментот на несреќата бил зад воланот на Цитроен.

Полициската управа се уште не ги соопшти деталите за несреќата, поради што сообраќајот беше во прекин повеќе од еден час.