Двете деца кои на задното седиште ги превезувала 27-годишна жена не носеле појас. Дете почина вчера како последица на сообраќајна несреќа што се случила на 7- ми април на патот Андријашевци-Ретковци во близина на Винковци во Хрватска, информираат од хрватската полиција која вчера околу 18 часот и 20 минути од КБЦ Осиек добила известување за смртта на детето, јавуваат хрватските медиуми.
Во сообраќајката учествувале две возила, а пет лица поради здобиените повреди се пренесени во болницата во Винковци.
-Истрагата за сообраќајната незгода откри дека поради техничка грешка експлодирала гумата на задното лево тркало на патнички автомобил со винковачки регистарски таблички, при што 27-годишната жена изгубила контрола над воланот возилото преминало на спротивната коловозна лента, при што удрила во камион – комбе управувано од 28-годишен маж, кој доаѓал од спротивниот правец.
Две деца, кои на задното седиште во патничкиот автомобил ги превезувала 27-годишна жена, не биле врзани со безбедносни појаси, а од ударот испаднале од автомобилот преку ветробранското стакло и паднале во земјен одводен канал, при што едно дете се здобило со тешки повреди опасни по живот, додека второто тешки физички повреди.
Децата се пренесени од општата болница цо Винковци во Клиничката болница во Осиек на понатамошно лекување. Во сообраќајната незгода со тешки телесни повреди се здобил 27-годишната жена која го управувала патничкиот автомобил, а полесно се повредени 31-годишен совозач во нејзиниот автомобил и 28-годишниот возач на комбето.
Алкотестот на двајцата возачи не утврдил присуство на алкохол во организмот.
Против 27-годишната жена полицијата ќе поднесе кривична пријава до надлежното државно правобранителство поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело Предизвикување сообраќајна незгода во патниот сообраќај, се додава во соопштението на полицијата.