Најмалку 20 луѓе останаа заробени во урнатините откако силна експлозија уништи трикатна станбена зграда во населбата Маријахоев во Хаг.
Експлозијата се случила утринава во 6:15 часот, по што избувнал пожар и делови од зградата се урнале, а пет до седум станови биле целосно уништени, пишува „Ан-Ел Тајмс“ (NL Times).
Спасувачките служби, вклучително и специјалистички тимови за урбано пребарување и спасување (УСАР), четири кучиња чувари и градежни инженери присуствуваа на местото на настанот.
Досега најмалку четири лица се спасени и пренесени во блиските болници.
Експлозијата предизвика сериозна штета и на околните згради, а неколку улици во областа беа затворени од безбедносни причини.
Службите за итни случаи бараат луѓе и се борат со пожарот“, соопштија од градската противпожарна служба.
Спасувачите не знаат колку точно луѓе се уште се под урнатините, ниту пак што можело да ја предизвика експлозијата во оваа зграда која се наоѓа недалеку од центарот на градот. Дел од медиумите објавија дека станува збор за 20 луѓе.
Hulpdiensten massaal uitgerukt na explosie in Den Haag pic.twitter.com/SnbMCCNooe
— MvGruijthuijsen (@GruijthuijsenMv) December 7, 2024
Како што јави локалниот медиум Regio15 спасени се неколку лица. Четири лица повредени во експлозијата се пренесени во болница, соопштија пожарникарите.
Градоначалникот Јан ван Занен го посети местото на несреќата за да ги координира напорите за спасување, според Regio15. Се чини дека неколку ката од зградата биле уништени во експлозијата, според Регио15.
На првата снимка од местото на настанот што ја објави јавниот канал НОС се гледа како неколку десетици пожарникари се борат со пожарот.