Убавината го освојува светот, а тоа го покажа и Ема Лебанов од Панчево. Имено, таа беше прогласена за најубава тинејџерка на светот, а кога ќе ги видите нејзините фотографии ќе ви стане јасно и зошто.
Пред четири години Ема Лебанов од Панчево ја претставуваше Србија на светскиот избор за убавина во Египет – Miss Eco Teen International, натпревар во категоријата девојки од 16 до 19 години.
Интересно е што главна тема на овој натпревар е промоција на екологијата и екотуризмот во светот, како и подигање на свеста за важноста од зачувување на животната средина и природните ресурси.
А потоа 18-годишната Ема беше избрана преку кастинг во компанијата Мис Ју да ја претставува Србија, српската култура и традиција и да ги претстави природните убавини и најинтересните туристички дестинации на Србија.
Девојки од целиот свет прво се претставија во народна носија, а Ема потоа беше ставена во топ 10 најубави.
Покрај тоа, таа освои уште три титули и беше избрана за заштитно лице на хотелот во кој девојките престојуваа 10 дена за време на подготовките и на тој начин доби договор за промоција на хотелот пред се на српските туристи, но и на туристите од целиот свет.
Убавата Ема денеска на мрежите ја следат над 30 илјади луѓе, а како што беше забележливо и во тинејџерските денови, таа и сега е вистинска убавица.