Вака изгледа утрово автопатот Скопје – Тетово по првиот снег кој, не сакаме да веруваме дека ги изненади надлежните служби. Но, се надеваме дека ако наскоро не се стопи, ќе биде исчистен, објави порталот МКД.мк.
Иако метеоролозите најавуваа снег токму за денеска, институциите повторно потфрлија пред снегот.
Утрово автопатот Скопје- Тетово – Гостивар речиси е целосно под снег, особено снег има на превојот Стража каде автомобилите едвај се искачуваат.
Јавното претпријатие Македонија пат кое е надлежно за чистење и одржување на патиштата низ земјава очигледно и денеска беше изненадено од снегот, а особено од тоа што е викенд и неработен ден.