Чествувањата по повод празникот Богојавление – Водици започнаа утрово во 7 часот со богослужби во охридските парохиски цркви. Литиите од трите цркви „Св. Никола- Геракомија“, „Успение на Пресвета Богородица – Каменско“ и „Св. Георги“ од Горна Влашка Мала се сретнаа на плоштадот Св. Климент Охридски и се упатија на пристаништето.

Според предвиденото, точно во 10 часот од Светилникот на пристаниште Дебарско – кичевскиот митрополит Тимотеј го положи Светиот крст во водите на Охридското Езеро.

Крстот го фати Никола Јакимоски. Никола од Охрид нјсреќен од сите верници кои скокаа по светиот крст.