Моторите повторно се вклучија и испумпуваат вода од домовите во понискиот дел на Струмица. Краткото невреме со пороен дожд по третпат ги поплавува за десетина денови. Жителите се уморни, но и револтирани.

Градоначалникот Костадинов најави дека почнуваат со анализи за реконструкција на улицата. Вклучени се и експерти и институциитеза заедно да најдат решение кое ќе го спаси овој дел од Струмица од поплавување.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека силен дожд од 20 минути ја повтори сликата: соборени стари дрвја и скршени гранки, поплавени улици, дворови, стопански објекти, излиена фекална канализација.

– Ако веќе знаевме дека Струмица ја очекува пороен дожд, вистинското прашање е што конкретно е преземено во минативе седум денови од страна на администрација на Општина Струмица, противпожарната единица, Центарот за управување со кризи и редица надлежни органи?

Од минатиот пороен дожд ни останаа цврстото ветување на Костадинов дека ќе го реши случајот со поплавите во Струмица и неговата последна фотографија со „спајдермен”, порача Жан Дрвошанов, претседател на ВМРО-ДПМНЕ Струмица.

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸