Македонецот Никола Станишиќ е победник во финалето на „Ѕвездите на Гранд“ кое се одржа вечерва во Белград.

-Сакам да им се заблагодарам на сите, посебно на мојата Македонија и на мојата менторка Цеца, рече Никола.

Никола со освоени 138.714 гласови ја однесе победата. Победничката статуа ја врачи Сузана Јовановиќ, вдовица и доживотна сопатничка на Саша Поповиќ, а оваа година беше воведена и посебна награда – плакета со името на Саша Поповиќ во спомен на ликот и делото на човекот кој ја создаде најголемата музичка империја на Балканот и ја основа „Ѕвезде Гранда“.

Покрај признание и статуа, Никола беше награден и со автомобил „Фиат Типо“, како и комплетен маркетинг што ќе му помогне во понатамошната кариера.