– Единствениот претставник на Македонија во овогодинешното финале на „Звезда Гранда“ , Никола Станишиќ, секако ги направи својата земја и својот народ горди по својот настап на вечерта на одлучувањето, пишува официјалниот портал на шоуто Grand Online.

За време на неговото натпреварување, членовите на жирито беа воодушевени од толкувањата на македонски јазик, па Никола реши да остане верен на она што најмногу му одговара за финалната вечер, а тоа се македонските народни песни.

Како и секогаш насмеан и весел, Никола вечерва ја плени сцената со својата насмевка, а совршено изведе три песни на македонски јазик – „Учи ме мајко“, „Тешко мина докторе“ и „Ќе ти дојдам вечер јас на постела“.

Никола беше придружуван од членови на ансамбл, па на сцената стоеја фолклорни играорци облечени во народни носии, а по нив следеа музичари кои удираа на тапани и свиреа зурли.

На самиот крај од претставата, Никола се искачи на двата тапана што музичарите ги поставија на сцената и предизвика овации кај публиката во студиото.

Дефинитивно прекинато финалето на „ЅГ“ вечерва – еве кога ќе се прогласи победникот!

Невидена ситуација ги затекна гледачите на популарното музичко натпреварување „Ѕвездите на Гранд“ – откако големото финале кое се емитува вечерва, беше ненадејно прекинато.

Поради ситуацијата во Белград и немирите на улиците, емитувањето на финалната вечер беше прекинато по емитувањето на првиот круг од настапите на финалето од 20 кандидати.

Водителката Ана Севиќ во програмата во живо рече:

– Драги гледачи, Гранд продукција отсекогаш ги почитувала правилата и како играчи на фер-плеј не можеме да дозволиме кандидатите од Србија да бидат оштетени, со оглед на тоа што вечервашната емисија не беше емитувана во целост на територијата на Србија – рече Ана и продолжи:

– Најавуваме дека ќе ја продолжиме емисијата следната сабота со цел да се емитува на територијата на сите земји , за сите кандидати да добијат еднаква шанса и можност за победа. Ви благодариме што бевте со нас вечерва и што гласавте. Поддршката е важна за сите нас во ова време. Се гледаме следната сабота, кога ќе продолжиме со нашето дружење.

Следната сабота се очекува да биде прогласен победникот.