Три дена пред големиот христијански празник Велигден, односно на Велики Четврток пред изгрејсонце се вапсаат првите Велигденски јајца.

За првото јајце се верува дека има магична моќ, па затоа неговото место е под иконата. Во преданијата се вели дека со него се лекуваат и одредени болести.

Меѓутоа, домаќинките останатите јајца ги вапцуваа на Велика сабота односно дента пред Велигден.

Македонските дами и овој пат ги испочитуваа традицијата и обичаите па во раните утрински часови станаа и покажаа колку се вредни во кујната.

На социјалната мрежа Инстаграм познатите дами беа креативни па ги споделија и првите фотографии од велигденските јајца како и украсената трпезата.

Снеже Велков

Водителката на емисијата „Нешто конкретно“, Снеже Велков на кратките приказни на Инстаграм каде што е активна и има голем број на следбеници ги вапсала јајцата со согласност на симболиката – првите три во црвена боја.

Агнеса Органџиева

Македонската инфлуенсерка Агнеса Органџиева која редовно објавува приватни детали од своето секојдневие сега објави фотографија и покажа како изгледа нејзиниот сад каде кој покрај црвените јајца додала и чоколадни украси.

Сања Цинцева – Барбика

Македонската фолк пејачка Сања Цинцева – Барбика меѓу првите ја објави фотографијата и на сите им го честиташе овој ден.

– За многу години Велики четврток – напиша таа.

Викторија Лоба

Убавата македонска пејачка со руско потекло Викторија Лоба сподели кратко видео на кое покажа како ги вапсувала јајцата а се забележува дека почнала со розовата боја, поразлично од другите.

Милена Антовска – Станковска

ТВ водителката Милена Антовска – Станковска на својот „Инстаграм“ објави видео и покажа како изгледа нејзиниот дом за време на Велигден.

Сега, останува да следеме и да видиме дали уште некоја од нив ќе се пофали и ќе сподели на социјалните мрежи.