Полицајците во опрема за растурање на немири испукале гумени куршуми, солзавец и користеле водени топови за да ги растераат демонстрантите кои фрлале запаливи средства, соопштил новинарот на агенцијата Франс Прес (AFP) кој видел пламен од прозорците на зградата.

Пред грузискиот парламент во главниот град на Грузија, Тбилиси, во вчера вечер избувнаа судири помеѓу полицијата и проевропските демонстранти, кои трета вечер по ред протестираат против одлуката за одложување на расправата за пристапувањето на земјата во Европската унија.

Полицајците во опрема за растурање на немири испукале гумени куршуми, солзавец и користеле водени топови за да ги растераат демонстрантите кои фрлале запаливи средства, соопштил новинарот на агенцијата Франс Прес (AFP) кој видел пламен од прозорците на зградата.

Демонстрантите подигнале барикади на главната авенија во Тбилиси.

„Стравувам, нема да го кријам тоа, дека многу луѓе ќе бидат повредени, но не се плашам да стојам тука“, изјавила Тамар Гелашвили (39) за AFP во близина на зградата на парламентот. Протести се одржани и во многу други градови во Грузија. До сега се уапсени повеќе стотици лица.

Министерството за внатрешни работи соопштило дека „постапките на некои лица присутни на протестите станале насилни кратко по почетокот на протестите“.

„За секој прекршок, полицијата ќе реагира соодветно и во согласност со законот“, се додава.

Два претходни протести, во четвртокот и петокот, веќе биле растурени со водени топови и солзавец, а полицијата уапсила повеќе од сто лица.

Проевропската претседателка на земјата, Саломе Зурабишвили, најавила дека нема да го заврши својот мандат, кој завршува во декември, додека не се организираат нови парламентарни избори. Грузиската претседателка изјавила дека парламентот нема легитимитет и дека „нелегитимен парламент не може да избере нов претседател и затоа нема да има инаугурација“.

Зурабишвили денеска на брифинг за новинарите изјавила дека претседателската функција е единствената преостаната легитимна институција во државата.