Хит ова лето е најмалиот костим за капење што сте го виделе! Него го носат најпознатите естрадни убавици, ријалити ѕвезди, ТВ водителки, пејачки, старлети… ширум Балканот. Од Станија и Ана Кораќ, до Карлеуша и Сандра Африка…

Македонија не е исклучок. Или подобро кажано и во Македонија има по некој исклучок па понекоја од познатите македонски јавни личности можеше да се види во микро бикини.

Или што би рекле, ултра мини бикини кое најдобро ги потенцира сите облини, сиот телесен раскош и дарба од природата, понекаде надополнета со умешноста на естетската хирургија за комплетно задоволство во уживањето.

Токму таква глетка ова лето ве очекува ако сте еден од оние среќници кои налетале на македонската фитнес инструкторка и мотиватор, Ана Стојанова на плажа или еден од илјадниците нејзини следбеници кои секојдневно го листаат нејзиниот Инстаграм профил.

Убавицата и овој викенд потсети дека и на домашен терен не се срами да го покаже и сподели најдоброто од себе кога е нејзиниот телесен раскош во прашање.

Со тоа што глетката е постојано иста и однапред и одзади, а различни се само локацијата и ултра мини или микро бикинито на неа.

По Турција, Ана овој пат со поздрави од Охрид во костим за капење, чиј горен дел доволно ги открива долниот дел од градите, а долниот дел е многу „тенок“.

Само едно мало крпче ткаенина кое одзади длабоко се врежува во позадината, особено кај оние расните и бујни убавици кои имаат совршено извајана, голема и обла.

Бикини што ова лето атрактивната Ана прегферира да ги носи на себе и долу и горе, без оглед дали е на езеро или на море. Впрочем, како што и самата инструкторка тврди:

„Животот е подобар во бикини“… Особено во вакви што едвај ги покриваат бујните облини, а на увид ги нудат сите нејзини телесни убавини! вистина.мк

📸